Поврзете се со нас

Англија

Дини за офанзивецот на Јунајтед: Нека си оди заедно со Рашфорд, клубот мора да се ослободи од него

Објавено

на

Манчестер Јунајтед официјално остана без првата шанса за трофеј во оваа сезона и тоа во рамките на англискиот лига Куп каде беше совлада од Тотенхем во четвртфиналната рунда со 4-3.

„Црвените ѓаволи“ губеа со 3-0 на соочувањето во Лондон, меѓутоа за кратко време двапати реализираа и се вратија во игра за да во финишот Сон стрела директно од корнер и дефинитивно ја обезбеди победата на домаќините.

Јунајтед ќе мора да понуди многу повеќе ако сака да биде конкурентен за пехари, а тоа значи и да се ослободи од некои играчи, поточно донесе квалитетни имиња кои ќе можат да одговорат на тоа што го посакува тренерот Рубен Аморим.

Според Трој Дини премиерлигашот не смее повеќе да чека и веќе во следната прилика мора да се ослободи со офанзивецот Антони.

-Штом Јунајтед го повлече Антони, сите почнаа да трчаат. Мора да ги прекинат врските со него. Не сакам да го направам жртвено јагне, но, искрено, да го гледам е толку фрустрирачки. Ова е твојот голем момент. Тој не трча, не мава спринт… само извадете го.

-Ако се ослободувате од Маркус Рашфорд, кој и да го земе, ќе ви платиме да го земете и него [Антони]. Тргнете го од клубот, порачал Дини за „Си-Би-Ес Спортс“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни