Поврзете се со нас

Англија

Дини со жестока порака до играч на Јунајтед: Фудбалската игра не е за тебе!

Објавено

на

Алехандро Гарначо доби директни прозивки од еден фан на Манчестер Јунајтед поради низата просечни изданија, па Аргентинецот од револт реши да не го слави мајсторскиот гол кој го постигна против Лестер изминатиов викенд.

Оваа негова реакција ја коментираше и Бруно Фернандеш кој се обиде да му одржи капитенска лекција на младиот фудбалер, а сега со свој став во јавноста се јави и некогашниот капитен на Вотфорд, Трој Дини.

Поранешниот напаѓач беше познат по својот бескомпромисен став на теренот и изјави без влакна на јазикот, па продолжува во тој стил и по крајот на кариерата.

– Ова веќе го кажав еднаш, но ќе го повторам уште еднаш. Однесувањето на Гарначо покажува две работи. Покажува какви се денешните играчи кои не можат да прифатат критика од еден повозрасен господин, а второ и уште полошо е следното.

– Ако не може да прифати критика и ако такви работи влијаат врз него, тогаш можам да му кажам само едно како постар професионалец: Фудбалот не е за тебе!

– Игра за најголемиот клуб во светот, ако играш лошо, нормално е да бидеш критикуван и луѓето да ти се внесуваат во лице. Играш за Манчестер Јунајтед, ќе добиваш критики и кога си добар. Постигна неверојатен гол, а тој не го славеше…. Не можев да поверувам. Ако не може да се справи со господин кој го снима со „Ајфон“, тогаш фудбалот навистина не е за него, – вели Дини.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни