Поврзете се со нас

Англија

Дини: Арсенал ќе стане шампион ако го купи најдобриот напаѓач во Премиер лигата

Објавено

на

Трој Дини како капитен на Вотфорд знаеше да води доста жестоки и на моменти валкани битки со играчи на Арсенал, но сега како пензиониран фудбалер, поранешниот напаѓач гледа голем потенцијал во младиот тим на Микел Артета.

Иако изминатите две сезони Арсенал се издвои како тим кој може да го предизвика Манчестер Сити и природно беше најмногу да профитира од падот на шампионот, реалноста ни покажува дека Ливерпул во овој момент е далеку позрел конкурент за титулата, меѓутоа Трој Дини смета дека тоа може да се промени доколку „топчиите“ се решат за еден храбар потег.

Легендата на Вотфорд смета дека Арсенал нема класичен напаѓач во својот тим и тоа го смета за голем проблем, па затоа си даде за право да го охрабри Микел Артета и да му предложи фудбалер кој може да му ја донесе титулата.

– Алекандер Исак е најдобриот напаѓач во Премиер лигата во овој момент. Сигурен сум дека Арсенал ќе ја освои титулата ако го купи него. Не само што ќе ја освои титулата, туку ќе стане неволја за сите други тимови во Европа.

– Тоа е сценарио кое го замислувам, но знам дека нема да се случи. Њукасл нема лесно да се ослободи од него, тој е премногу важен за нив. Ако сака да биде конкурентен, Њукасл треба да троши повеќе пари и да гради тим околу него. Ако не го направи тоа, набрзо Исак ќе го видиме во најголемите клубови, – потенцира Дини.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни