Свет
Динар го прекина молкот по отказот: Не ми беше дадена шанса како на моите претходници
Дидие Динар заработи отказ од селекторската позиција во француската ракометна репрезентација и тоа поради неуспешниот настап на Европското првенство, а неколку месеци подоцна реши јавно да проговори за тоа како ја видел целата ситуација.
Поранешниот пикер кој освои многу трофеи со Франција не успеа да ја одведе својата селекција ниту во втората фаза на ЕУРО 2020, но смета дека не добил ист третман како своите претходници.
– Изненаден сум од третманот кој го добив од федерацијата. Најпрвин потврдија дека останувам, за потоа од мојот асистент да дознаам дека сум отпуштен. Имам чувство дека бев искористен како „марамче“ по 23 години како дел од националниот тим.
– Не добив ист третман како претходните селектори Даниел Константини и Клод Онеста. Даниел беше селектор без да освои трофеј од 1995 до 2001 година, додека на Онеста му беа потребни пет години пред да го донесе првиот трофеј за Франција. Јас бев отпуштен по првиот турнир, што го сметам за постоње на два различни аршини, – вели Динар.
– Исто така, изненаден сум што по отказот никој од федерацијата не ми се јавил и не ми понудил поинаква улога во францускиот ракомет. Мојот договор истекува на 1. септември, а засега не ме исконтактирале за тоа што ќе се случува понатаму, – дополнува Динар кој беше наследен од неговиот помошник Гијом Жил.
-
Шпанија12 часа
Барселона испрати 40 удари на „Монжуик“ и со доста мака го урна „ѕидот“ наречен Лео Роман (Видео)
-
НБА23 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
Македонија17 часа
Одборот на судии: Силекс израмнил од офсајд, Воска направи преседан против Вардар!
-
Македонија22 часа
Ќе биде жешко во Битола: Пелистер ги распродаде билетите за дербито со Вардар
-
Шпанија15 часа
Кафу го одобри најавениот трансфер на Реал: И за мене велеа дека не сум добар во дефанзива…..
-
Италија13 часа
Серија А направи хаос со распоредот поради погребот на Папата, Инѕаги сигурно нема да биде воодушевен (Фото)
-
Англија21 час
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Лига на шампиони19 часа
Фиго за битката меѓу Барселона и Интер во ЛШ: Секој што мисли…