Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Динамо Загреб во вториот дел ја реши Омонија, цел меч за Ристовски и повреда за Адеми (Видео)

Објавено

на

Екипата на Динамо Загреб славеше победа од 2:0 против тимот на кипарска Омонија во првиот натпревар од второто квалификациско коло од Лигата на шампионите.

За „модрите“ од првата минута стартуваа македонските репрезентативци, Арјан Адеми и Стефан Ристовски, а за жал Адеми мораше да го напушти теренот пред крајот на првото полувреме откако заработи повреда при еден дуел со противнички играч.

Загребскиот тим во вториот дел го скрши отпорот на цврстата Омонија со голови постигнати во 65. и 81. минута.

Најпрво Ловро Мајер со одличен гол го отвори резултатот и донесе водство за домашниот тим, а потоа конечниот резултат го постави Јакиќ на десет минути до крајот на средбата.

Стефан Ристовски ги одигра сите 90 минути на оваа средба, и како по обичај беше доста активен по десната страна на хрватскиот шампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни