Лига Европа
Динамо Загреб се пласираше во осминафиналето од Лига Европа и дополнително ја наполни својата каса

Хрватскиот Динамо Загреб веќе со децении важи за најорганизиран и најдобро поставен балкански клуб на европската мапа.
Клубот од главниот град на Хрватска е познат по милионските трансфери кои ги реализира и парите кои ги заработува со продажба на играчите кои потекнуваат од нивната академија, а сега се појавија и конкретни цифри за освоената сума од натпреварувањето во Лига Европа оваа година.
Динамо досега има инкасирано над десет милиони евра од настапите во Европа оваа сезона, сума што може само да ја сонуваат другите балкански клубови.
Динамо Загреб во групната фаза освои 14 поени, а УЕФА има правило да го вреднува секој бод со 190.000 евра. Така, само од групната фаза Динамо заработи 2.66 милиони евра. Од претходното учество во квалификациите, Динамо инкасираше 3.22 милиони евра, плус дополнителни 2.4 милиони евра врз основа на резултатите постигнати во Европа изминативе години.
Првото место во групата донесе дополнителен милион евра, а самиот пласман во нокаут фазата, половина милион евра. По победата во двомечот против Красондар каде со вкупен резултат од 4:2 се пласираа во осминафиналето, Динамо доби плус 1.1 милион евра.
Сумата која хрватскиот претставник ја освои во само една сезона може да ја сонуваат многу клбуови од Балканот, вклучително и македонските репрезенти кои заедно во долгогодишното учество во европските натпреварувања не можат да стигнат до бројката од 11 милиони евра.

- Италијапред 17 часа
Гоче е пример за фудбалер: Италијанците му го потенцираа историскиот рекорд, Пандев одговори скромно во свој стил
- Светпред 17 часа
Перез конечно се огласи: Супер лигата не е мртва, не ни добивме шанса да го објасниме проектот
- Англијапред 16 часа
Бејл го „пецна“ Мурињо: Ние сме голем клуб, сакаме да напаѓаме
- Шпанијапред 16 часа
Бензема го израмни рекордот на легендарниот Раул
- Англијапред 16 часа
Гвардиола е импресиониран од него: Тој станува сериозен играч
- Францијапред 18 часа
Ова ретко се гледа не терените: Магичната асистенција на Ди Марија во Куп победата на ПСЖ (ВИДЕО)
- Светпред 13 часа
Чеферин за својата страна од приказната: Дајте ми 24 часа и Супер лигата нема повеќе да постои!
- Италијапред 18 часа
Португалецот со очајна реакција: Роналдо повторно се посрамоти во живиот ѕид на Јувентус (Видео)