Балкан
Динамо за „случајот Адеми“: Нема никаков конфликт, тој доби понуда за нов договор!

Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми денеска е во фокусот на хрватските медиуми кои информираа дека капитенот на Динамо Загреб побарал да си замине од „Максимир“.
Информациите беа дека Адеми има понуди на маса кои сака да ги прифати, а со тоа воедно да ја заврши приказната затоа што е незадоволен, лут на управата на клубот како и на тренерот Анте Чачиќ.
Репрезентативецот имал состанок со клубот: Адеми побарал да си замине од Динамо Загреб
Актуелниот хрватски првак по овие вести се реши да се огласи во јавноста со соопштение во кое се демантира, плус во исто време порачува дека капитенот добил понуда за продолжување на соработката.
-Нема конфликт во каква било форма меѓу клупските челници, претседателот на клубот, претседателот на УО, членот на управата Крешимир Антолиќ или спортскиот директор и тренер Анте Чачиќ во однос на капитенот на Динамо, Аријан Адеми.
-Капитенот Аријан Адеми денеска беше во клупските простории каде што се сретна со челниците и спортскиот сектор со цел да ја пренесе информацијата дека одредени клубови од странство се заинтересирани за негов трансфер. Потоа раководството на клубот заедно со спортскиот директор и тренерот едногласно се изјаснија за капитенот Аријан Адеми да остане во Динамо, а беше даден предлог капитенот на првиот тим да потпише нов договор, -порачаа од таборот на хрватскиот првак.
-
Англијапред 19 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Светпред 23 часа
Роналдо беснееше по промашените зицери, па конечно погоди од пенал (Видео)
-
Англијапред 20 часа
Мејсон Гринвуд ги „раскарал“ челниците на Манчестер Јунајтед: Судбината на фудбалерот неизвесна
-
Англијапред 23 часа
Потер пресече за трите нови играчи на списокот за ЛШ, најголем губитник е искусен напаѓач
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола ја објасни разделбата со Кансело
-
Англијапред 19 часа
Артета откри дека долго го следел Жоржињо и посочи што тој ќе донесе во клубот
-
Балканпред 24 часа
Озил решил да ја заврши кариерата среде сезона
-
Шпанијапред 6 часа
ФИФА не го одобри трансферот на Барселона кој се случи во последен час