Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Динамо победи и вторпат, Ристовски и Адеми повторно ќе играат во Лигата на шампионите

Објавено

на

Хрватскиот шампион Динамо успеа и вторпат да го победи тимот на Карабах (0:2) и заслужено ќе биде дел од утрешната ждрепка за новото издание на Лигата на шампионите.

Загрепскиот состав ќе биде дел од првата сезона со нов формат и утре ќе ги дознае противниците, а до успехот стигна со уште подобро издание против ривалот од Азербејџан.

На првата средба Карабах пропушти многу шанси и беше казнет со убедлив пораз, а вечерва Пјаца со атрактивен гол ја неутрализираше неизвесноста уште во првото полувреме.

Во 53. минута, Силва постигна автогол по ударот на Сучиќ со што беа поставени конечните 0:2, а Динамо може да смета на уште една европска сезона со голема финансиска заработка.

Македонските интернационалци Стефан Ристовски и Аријан Адеми денеска не беа во составот на хрватскиот тим, но со овој тим повторно ќе настапуваат во Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни