Балкан
Динамо со специјален подарок го одбележа јубилејот на Ристовски (Фото)

Динамо Загреб ја освои титулата во домашното првенство и последните натпервари ги игра само за престиж, што сепак не значи дека играчите не го даваат својот максимум.
Старо-новиот шампион на Хрватска вчера го совлада Шибеник со 4:0 на домашен терен и запиша нов триумф во СуперСпорт лигата, но овој меч беше одбележан и од подарокот кој му беше врачен на Стефан Ристовски.
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација ги следи стапките на Аријан Адеми и полека прераснува во миленик кај навивачите на Динамо, а вчера стигна и до убав јубилеј.
Динамо му подготви специјален подарок по повод неговиот 100-ти настап за првиот тим, па пред натпреварот со Шибеник, доби врамен дрес со споменатиот број.
Ристе подарокот го доби од поранешниот фудбалер на Динамо, Миливој Брачун.
Club 💯💪🏻💙🦁
Prije početka utakmice sa Šibenikom, Stefan Ristovski primio je dres s brojem 100 koji mu je predao nekadašnji igrač Dinama, Milivoj Bračun 👏🏻#dinamozagreb pic.twitter.com/IwQU4Fkc8t— GNK Dinamo (@gnkdinamo) May 14, 2023
-
Шпанијапред 13 часа
Анчелоти со комплименти за Родриго: Тој е наш најдобар играч по СП
-
Италијапред 12 часа
Три ѕвезди на Јувентус денес ќе се збогуваат со фановите, важен играч на Алегри го пропушта дербито
-
Германијапред 13 часа
Салихамиџиќ по отказот од Баерн: Многу сум емотивен, ситуацијата не е лесна…
-
Англијапред 15 часа
Фердинанд нема дилеми: Јунајтед има поуспешна сезона од Арсенал
-
Англијапред 11 часа
Џака се „збогуваше“ со Арсенал во пресрет на последното коло
-
Шпанијапред 9 часа
Барселона договорила засилување од Вулверхемптон
-
Францијапред 16 часа
Мбапе „нокаутираше“ девојка со топка, па со убав гест покажа дека е џентлмен (ВИДЕО)
-
Англијапред 7 часа
„Бомбата“ на Дукуре му донесе опстанок на Евертон, Лестер и Лидс се нови второлигаши (Видео)