Поврзете се со нас

Балкан

Динамо со шмекерски потег му испрати порака на Модриќ и ја воодушеви шпанската јавност (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Динамо не се откажал од идејата да го врати Лука Модриќ во своите редови, а досегашната иницијатива денеска кулминираше со интересен и несекојневен потег на хрватскиот клуб.

Шпанската јавност е воодушевена од фактот што Динамо закупил цела страница на најтиражниот спортски весник „Марка“ и на тој начин му испрати директна порака на хрватскиот репрезентативец.

Шпекулациите велат дека Модриќ ја игра последната сезона во Реал Мадрид, а фановите на Динамо би биле пресреќни ако Лука реши да ја финишира кариерата на „Максимир“.

„Би имало смисла“ стои на хрватски и шпански на објавената реклама, а потпишан е претседателот на Динамо, Велимир Зајец. Дека зад потегот стои клубот потврдува и фактот што Динамо објави интересно видео на социјалните мрежи.

Пораката е одговор на Динамо откако Модриќ во едно интервју прашан за можното враќање на „Максимир“ изјавил „не знам дали такво нешто би имало смисла“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни