Поврзете се со нас

Балкан

Динамо со посебни зборови за „армираниот бедем“ Ристовски: Се договоривме за пет минути (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/gnkdinamo

Динамо денеска ја потврди новата соработка со четири важни првотимци, а еден од нив е и капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски.

Десниот бек прерасна во вистински миленик меѓу навивачите на Динамо поради своето залагање и пожртвуваноста која ја покажува на теренот, а и Динамо како клуб издвои посебно зборови за Стефан во објавата за новиот договор.

– Фантастичниот македонски дефанзивец претставува армиран бедем во последната линија, а со фуриозните продори по десната страна и острите нафрлања, често внесува неред пред противничките голови. Само оваа пролет постигна четири гола, од кои три ја осигураа нашата победа.

– Тој беше еден од носителите на играта на Динамо во запазената европска сезона, а со својата силна енергија, емоциите и страста, внесува добра атмосфера во тимот. Со тој пристап стана и миленик меѓу навивачите, – се вели во објавата на Динамо, во која е споделена и изјавата на Ристовски.

– Пред се сакам да му се заблагодарам на клубот, практично се договоривме во пет минути. Многу сум среќен и горд поради продолжувањето на соработката, Динамо е клуб кој ме исполнува и за кој сум подготвен да се борам и да го оставам срцето на терен од натпревар во натпревар. Посебно сум мотивиран за завршницата од оваа сезона и уверен сум дека заедно со навивачите ќе ја одбраниме титулата, – вели Ристовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни