Поврзете се со нас

Лига Европа

Динамо славеше против Рапид Виена, Ристовски со мала минутажа (Видео)

Објавено

на

Екипата на Динамо Загреб славеше победа од 3:1 против Рапид Виена во четвртиот натпревар од групната фаза во Лига Европа.

„Модрите“ мораше да победат за да останат во трка за пласман во елиминационата фаза каде од истата група се најде Вест Хем по комплетирањето на денешните резултати.

Што се однесува до натпреварот на „Максимир“, гостите од Виена први дојдоа во водство со голот на Кнасмулнер во 8. минута.

Радоста на гостите не траеше долго затоа што во  12. минута Петковиќ изедначи на 1:1, а веќе во 34. минута Андриќ го донесе во водство домашниот тим.

Конечниот резултат го постави Шутало кој ја искористи асистенцијата на Булат и во 83. минута го матираше противничкиот голман за важни три бода за Динамо Загреб.

Македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски во игра влезе во 89. минута од натпреварот и ги одигра завршните минути од средбата.

Резултати:

Антверп- Фенербахче 0:3

Леверкузен- Бетис 4:0

Брага- Лудогорец 4:2

Црвена Звезда- Митјиланд 0:1

Ференцварош- Селтик 2:3

Лестер- Спартак Москва 1:1

Марсеј- Лацио 2:2

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни