Поврзете се со нас

Балкан

Динамо се огласи и даде точна информација за повредата на Адеми

Објавено

на

Екипата на Динамо Загреб славеше над Омонија со 2-0 на вчерашиот меч од квалификациите за Лигата на шампионите, но оваа победа на хрватскиот првак падна во сенка на повредата на капитенот Аријан Адеми.

Адеми мораше да биде заменет во првото полувреме и во прв момент се чинеше дека станува за нешто посериозно и дека големиот борец го очекува подолга пауза. Во изминативе часови се говореше за повредата и колку македонскиот ас ќе мора да паузира, па со оглед на тоа што информациите беа различни од Динамо се огласија со јасно и директно соопштение.

Добро е што нема тешка повреда, но клубот од Загреб не сакаше да излезе со точна прогноза кога капитенот ќе може да биде во стројот и да му биде на располагагање на тренерот Крзнар.

-Врз основа на големиот интерес на медиумите и некои неосновани информации што се појавија во медиумите, а поврзани со шпекулациите за здравствената состојба на капитенот на Динамо Аријан Адеми, ние ја информираме јавноста дека лекарските тестови покажаа мало оштетување на десниот мускул на ногата.

-Клупската медицинска служба го започна процесот на рехабилитација и физикална терапија, а во зависност од текот на овој процес ќе се дефинира времето на враќање на нашиот капитен во тренажниот процес. Аријан Адеми денеска веќе се чувствува многу подобро, -порачаа од „Максимир“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни