Балкан
Динамо не го заборави специјалниот јубилеј на Ристовски и го поздрави Македонецот преку социјалните мрежи (Фото)
Стефан Ристовски веќе петта сезона е дел од Динамо и полека прерасна во жива легенда на клубот, а како еден од милениците меѓу публиката во Загреб, македонскиот десен бек вчера оствари убав јубилеј.
Истиот ќе го памети по убедливата победа над Карабах со резултат 3:0, но сепак задоволството не беше целосно бидејќи Стефан мораше да ја напушти играта по само 20 минути на теренот.
Ристовски поради повреда го отстапи своето место на Такуја Огивара, меѓутоа 20-те минути беа доволно за да се запише неговиот 150-ти настап за првиот тим на „модрите“.
– Нашиот борец и еден од милениците на публиката, Стефан Ристовски, синоќа го запиша својот јубилеен 150-ти настап во нашиот дрес. Во Динамо дојде на стартот на 2021-ва година и во меѓувреме освои осум трофеи: Четири титули во домашното првнеств, два Купа и два Суперкупа.
– Во сите три обиди за европски фудбал, тој избори групна фаза, најпрво во Лига Европа, потоа во Лигата на шампионите, а минатата сезона и во Конференциската лига. Драг Риле, на овој начин ти честитаме за јубилејот и ти посакуваме брзо заздравување!, – гласи објавата на Динамо.
-
Лига на шампионипред 18 часа
Ангеловски: Покажавме карактер и квалитет, горд сум на мојата екипа!
-
Италијапред 19 часа
Сари за клубот што сака да го води: Имам луд сон…
-
Балканпред 18 часа
Мурињо за бомбастичното засилување на Галатасарај: Имам само еден проблем со него
-
Светпред 20 часа
Симиќ меѓу најефикасните за Прат во Купот на Шпанија
-
АТПпред 17 часа
Надал за Синер: Чистата совест му помогна да победи во Њујорк
-
Лига на шампионипред 17 часа
„Проектил“ кој не се брани: Кузмановски ја „скина“ мрежата од голот на Паличка (ВИДЕО)
-
Светпред 14 часа
Србите го бараат наследникот на Пешиќ, две имиња се во игра
-
Англијапред 19 часа
Роналдо за оправдувањата на Тен Хаг: Тренер на Јунајтед не смее да го изјави тоа!