Поврзете се со нас

Балкан

Динамо му врачи отказ на Јовичевиќ: Жалиме за брзата разделба, но мора да бидеме одговорни

Објавено

на

Динамо претрпе турбулентен период за време на КОВИД паузата и се случи промена на тренерската позиција, но неполни два месеци по назначувањето на Игор Јовичевиќ, човекот кој мина во клубот во различни улоги, денеска сосема неочекувано заработи отказ.

Хрватскиот великан нема никаква опасност на табелата и веќе беше прогласен за шампион, но очигледно работата на Јовичевиќ не ги задоволи одговорните луѓе на клубот, па сега истите одлучи да му врачат отказ по последниот пораз од Ријека (2:0).

– Жалиме за ваквата брза разделба, но мора да покажеме одговорност во овие тешки времиња. Во име на клубот, му се заблагодаруваме на Игор за големите резултати кои ги оствари со јуниорскиот тим. Вратите од Динамо секогаш му се отворени, – порача спортскиот директор на клубот, Зоран Мамиќ.

– Имав најдобри намери, но фудбалот е таков. Овојпат топката не ми се врати назад, но си одам со подигната глава од мојот сакан клуб.

– Не сакам да претставувам товар за некого. Се заблагодарувам за убавите години во клубот, ова е само довидување, а не збогум – порача Јовичевиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни