Лига на шампиони
Динамо и Звезда го избегнаа најтешкиот ривал за плејоф рундата во ЛШ (Фото)

Плеј-оф рундата е последната пречка за влез во групната фаза во Лигата на шампионите, а ова попладне се дознаа потенцијалните двојки кои ќе ги гледаме во оваа фаза од натпреварувањето.
Аријан Адеми и Стефан Ристовски се наши најпознати претставници во квалификациите за Лигата на шампионите, откако токму нивниот Динамо го исфрли Шкупи во втората рунда која заврши минатата седмица.
„Модрите“ денеска ќе ја отворат третата рунда со дуел против Лудогорец, а наредната недела на домашен терен го играат реваншот против бугарскиот претставник.
Ако ја минат оваа пречка, Динамо во плеј-оф колото доби посакувани ривали, бидејќи го избегна најтешкиот Трабзонспор и ќе вкрсти или со Жалгирис, или со Бодо Глимт.
Од балканските екипи, Црвена Звезда денеска и наредната седмица игра против Пјуник, па доколку ја оправда фаворитската улога, во плејоф колото ќе игра против Макаби Хаифа или Аполон.
Првите натпревари од плејофот се играат на 16-ти и 17-ти, а реваншите на 23-ти и 24-ти август.
Play-off round draw set ✅
Who's going through to the group stage❓🔜 Games: 16/17 & 23/24 August#UCLdraw | #UCL pic.twitter.com/ZlWaFnghwa
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) August 2, 2022
-
Формула 1пред 12 часа
Нови ветришта: Уредот кој му донесе шест титули на Хамилтон ќе биде повлечен од Формула 1
-
Шпанијапред 13 часа
Димитриевски се најде во тимот на колото во најквалитетните лиги во Европа (ФОТО)
-
Англијапред 12 часа
Илон Маск твитна дека го купува Јунајтед, па се повлече: Ова беше…
-
Англијапред 13 часа
Барселона го одредила буџетот за трансферот на Силва
-
Англијапред 15 часа
Илон Маск твитна дека го купува Манчестер Јунајтед
-
Светпред 23 часа
Батистута: Долго време правевме штета, Меси не е Исус Христос!
-
Шпанијапред 24 часа
Барселона се впушти во акција за дефанзивец на Вилјареал, „жолтата подморница“ експресно ги „поздрави“ каталонците
-
Англијапред 6 часа
„Марка“: Каземиро размислува за атрактивната понуда која ја добил