Поврзете се со нас

Македонија

Динамо и Горица искажаа големо жалење за смртта на херојот Лазаров (Фото)

Објавено

на

Шкупи со траорно соопштение потврди дека Андреј Лазаров го загубил својот живот како последица на пожарот кој изби во дискотека во Кочани, немил настан кој ја зави во црно цела Македонија, но воедно и цел Балкан.

Големата трагедија однесе повеќе од 50 жртви и има најмалку стотина повредени со изгореници и телесни повреди, но еден од оние кои се обидувал да ја намали штетата е токму фудбалерот на Шкупи.

Според исказите на сведоци, Андреј во последните моменти од својот живот се обидел да им помогне на повредените во пожарот,  па откако неговиот херојски чин беше пренесен и од клубот, цела македонска спортска јавност почна да се простува од Лазаров.

Младиот 25-годишен фудбалер премногу рано ја заврши својата фудбалска и животна приказна, а веста за неговата смрт ги потресе и хрватските клубови Динамо и Горица.

Покрај објавите на ФФМ и оние на познати македонски фудбалери и сите прволигаши, со официјални соопштенија се јавија и двата хрватски клуба, кои ја искажаа својата неизмерна тага за случувањата во Кочани.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни