Поврзете се со нас

Лига Европа

Динамо и Црвена Звезда потенцијални противници во групите на Лига Европа

Објавено

на

Динамо Загреб и Црвена Звезда беа потенцијални противници во плејофот на Лигата на шампионите, но молдавски Шериф успеа да излезе како победник против фаворизираните екс-ју противници, испраќајќи ги во групната фаза на Лига Европа.

Утешното натпреварување за хрватскиот и српскиот првак сепак ќе значи продолжување на европските возбудувања, а утре сите екипи ќе ги дознаат и противниците во својата група.

Во пресрет на ждрепката, веќе се познати составите на четирите шешири, со што е јасно дека Динамо и Црвена Звезда може да играат натпревари во групата.

1: Лион, Наполи, Баер Леверкузен, Динамо, Лацио, Олимпијакос, Монако, Брага
2: Селтик, Ајнтрахт, Ц. Звезда, Лестер, Г. Ренџерс, Локомотив, Генк, ПСВ
3: Лудогорец, Вест Хем, Реал Сосиедад, Бетис, Фенербахче, Спартак М, О. Марсеј, Спарта Прага
4: Галатасарај, Митјиланд, Ференцварош, Брондби, Рапид В, Легија, Штурм, Антверп

Ждрепката ќе се одржи во Истанбул, утре од 12 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни