Поврзете се со нас

Балкан

Динамо го претстави Ристовски, десниот бек ќе биде петти Македонец кој играл за овој клуб

Објавено

на

Хрватскиот првак Динамо Загреб вечерва официјално го претстави Стефан Ристовски како свое ново засилување.

Македонскиот репрезентативец конечно стави крај на мачната епизода во Спортинг Лисабон, откако од почетокот на оваа сезона беше отстранет од првиот тим, клуб за кој настапуваше од 2017 година и за кој забележа 82 настапи.

Ристовски потпишал договор на повеќе години со Динамо, кој не објави колку платил за десниот бек на португалскиот тим, а за него тоа е враќање во хрватскиот шампионат каде ја освои двојната титула со Ријека.

– Чест ми е што станувам дел од Динамо, најтрофејниот хрватски клуб кој редовно учествува во натпреварувањата на УЕФА.

– Добро се познавам со Адеми кој ми е соиграч во македонската репрезентација, а тука се уште неколку фудбалери кои добро ги знам, – изјавил Ристовски на промоцијата.

Ристовски ќе биде петтиот Македонец кој настапувал за „модрите“ по Адеми, Сашко Пандев, Гоце Седлоски и Васил Рингов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни