Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Динамо го потопи неефикасниот Карабах, Црвена Звезда ќе мора да брка победа во Белград (Видео)

Објавено

на

Хрватскиот шампион Динамо Загреб оствари убедлива победа над Карабах (3:0) во плејофот за пласман во Лигата на шампионите, а нашиот Стефан Ристовски мораше да го заврши натпреварот уште во првото полувреме.

Ристовски се пожали на повреда по дваесет минути игра и беше заменет од тренерот Сергеј Јакировиќ, а неговите соиграчи имаа многу проблеми со одличниот напад на ривалот од Азербејџан.

Сепак, Динамо покажа дека ефикасноста е најважна во фудбалот, па по првиот гол постигнат од Пјаца во 29. минута, во вториот дел на сцена стапи резервистот Куленовиќ.

Гостите не реализираа многу големи шанси, а Куленовиќ ги искористи своите шанси во 75 и 80. минута за 3:0 во корист на домаќините на „Максимир“.

Во Норвешка, Бодо водеше со 2:0 против Црвена Звезда и тоа со головите на Бјорфут и Маата од 52 и 62. минута, но важен гол во пресрет на реваншот постигна Мимовиќ, кој во 75. минута фактички ги постави конечните 2:1.

Лил ја победи Славија Прага со 2:0, со головите на Дејвид и Жегрова и има поволна ситуација во пресрет на реваншот.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни