Динамо ги отпушти сите помошници на тренерот Бјелица

bjelica

Хрватскиот првак Динамо Загреб направи неочекуван потег, отпуштајќи го цел стручен штаб на првиот тим, со исклучок на првиот тренер Ненад Бјелица.

Стручниот штаб и фудбалерите на Динамо одбија намалување на платите поради актуелната ситуација со коронавирусот, а раководството решило да направи поинакво намалување на трошоците.

Тоа во реалноста е отказ за дури шест членови на стручниот штаб, додека Бјелица барем засега останува тренер бидејќи очигледно е добро заштитен со договорот кој го има потпишано со клубот.

Хрватските медиуми удрија по Динамо и Адеми: Динамовци се милионери без морал, посебно се истекнува Адеми…

Facebook Коментари