Поврзете се со нас

Балкан

Динамо е неговата љубов: Пјаца ќе биде соиграч со Ристовски и Адеми

Објавено

на

Повремениот хрватски репрезентативец, Марко Пјаца е нов член на Динамо Загреб, а тоа воедно значи соиграч со нашите Стефан Ристовски и Аријан Адеми.

Ова за Пјаца е враќање во клубот кој во 2016 година го напушти за Јувентус за рекордна сума од 29.4 милиони евра. По осум години и епизоди во многу тимови како Шалке, Фиорентина, Андерлехт, Џенова, Торино, Емполи и Ријека прави кам-бек на „Максимир“.

Тој во Ријека конечно фати ритам, забележа 7 голови и запиша 5 асистенции на 31 натпревар со што избори место во хрватската селекција на ЕП на кое сепак не доби шанса од селекторот Златко Далиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни