Поврзете се со нас

Балкан

Динамо доведе квалитетно засилување и ги налути фановите на ривал за титулата

Објавено

на

Хрватскиот шампион Динамо Загреб денеска им приреди убаво изненадување на фановите, објавувајќи го трансферот на Петар Бочкај.

Нашите репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски добија квалитетен соиграч од редовите на Осиек, а информацијата ги разлути навивачите на сезонава големиот ривал на Динамо во борбата за титулата.

Бочкај е роден во Загреб и сега се враќа во главниот град, а Динамо платил сума меѓу 2 и 3 милиони евра.

Навивачите на Осиек очекувано се лути на раководството, затоа што дозволи да биде засилен ривалски тим, а тоа го потенцираат во коментари под клупската објава за разделбата со Бочкај.

Динамо, Осиек и Риека имаат по 40 бодови на врвот на табелата во хрватското фудбалско првенство, со напомена дека „модрите“ имаат натпревар помалку.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни