Поврзете се со нас

Англија

Дин Хендерсон си оди од Јунајтед во јануари и се сели во тим од Бундеслигата

Објавено

на

Многумина очекуваа дека Дин Хендерсон ќе го заземе стартното место во тимот на Оле Гунар Солскјер меѓу стативите на почетокот на оваа сезона, меѓутоа тоа не се случи откако Давид Де Хеа ја врати старата форма и го искористи моментот кога младиот голман беше надвор од терените поради Ковид-19 и се наметна како прв избор и за оваа сезона.

Станува се појасно дека Хендерсон и оваа сезона ќе добива лимитирана минутажа доколку остане на „Олд Трафорд“, па токму затоа уште во јануари ќе ја промени средината.

Медиумите во Англија пренесуваат дека голманот сериозно размислува во јануари да си оди од клубот, но не на перманентна основа туку како позајмен фудбалер.

Интерес за него има од неколку премиерлигаши, но самиот голман преферирал да се пресели во Борусија Дортмунд, клуб кој исто така пројавил сериозен интерес за неговите услуги.

Хендерсон се наметна како еден од најдобрите голмани во Премиер лигата бранејќи го голот на Шефилд Јунајтед, минатата сезона ја делеше минутажата со Де Хеа, а оваа година ретко добива шанса, пред се поради проблемите кои му ги создаде коронавирусот од кој голманот долго време се опоравуваше.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни