Димитров со пресврт до место во финалето во Лондон

Dimitrov-London1

Бугарскиот тенисер Григор Димитров успеа да се пласира во финалето на завршниот АТП турнир во Лондон, победувајќи го вечерва Џек Сок со 2:1 во сетови. Тој стана првиот тенисер кој на дебито на завршниот турнир стигнал до финалето по Давид Ферер во 2007 година, а последен кој успеал да победи на првиот настап е Алекс Кореча во 1998 година.

Димитров го загуби првиот сет со 6:4, но брзо му одговори на Американецот со убедливи 6:0 во вториот сет, со што обезбеди решавачки сет во кој имаше голема борба.

Клучен момент беше осмиот гејм во кој Димитров направи брејк и поведе со 5:3, а на свој сервис се мачеше долго, но на крајот успеа да го заокружи мечот со 6:3, односно 2:1 во сетови.

Во утрешното финале во Лондон, Димитров за противник ќе го има Белгиецот Давид Гофан кој во првото полуфинале го изненади Рожер Федерер.

Facebook Коментари