Поврзете се со нас

АТП

Димитров подобар и од Зверев, обезбеди враќање во Топ 10 на АТП ранкингот

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/MiamiOpen

Григор Димитров ја продолжи одличната серија во Мајами, па по елиминацијата на Карлос Алкарас, успеа да го победи и Александер Зверев (2:1).

Бугарскиот тенисер игра во одлична форма, а со триумфот во три сета си обезбеди финале на Мастерсот во Мајами, каде противник ќе му биде Јаник Синер.

За разлика од првото полуфинале кое заврши експресно, второто траеше 160 минути, а Димитров го доби со 6:4, 6:7 и 6:4, со што првпат во кариерата ќе игра во финалето на Мастерсот во Мајами.

Победата на Зверев е важна и поради фактот што Димитров од понеделник ќе се врати во Топ 10 на АТП ранкингот, друштво во кое не бил од ноември 2018 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни