Поврзете се со нас

АТП

Димитров откако доби потоп од Синер: Сум играл и против подобар тенисер, поради него сакав да се фрлам во црна дупка!

Објавено

на

Foto:twitter.com/MiamiOpen

Јаник Синер загуби од Карлос Алкарас на Мастерсот во Индијан Велс и тоа беше прв пораз за него во 2024-та година, но само две недели подоцна покажа дека тоа не влијаело врз неговата психа.

Италијанецот игра во страшна форма и во моментов е најдобар тенисер во светот, а потврда за тоа добивме и на Мастерсот во Мајами каде одигра брилијантно и доминатно стигна до трофејот.

Синер во финалето не му даде никаква шанса на Григор Димитров кој претходно воодушеви со победи над Алкарас и Зверев, но запрашан дали Италијанецот е во друштво на најдобрите против кои играл, Бугаринот даде еден нависитна интересен одговор.

Григор загуби со 6:3 и 6:1 и немаше никакво решение за играта на Синер, но сепак вели дека имало мечеви на кои се чувствувал уште понемоќно, а тоа биле оние против Рожер Федерер.

– Рожер Федерер и натаму е најтешкиот противник со кој сум играл во кариерата. Играв повеќе пати со него и имаше мечеви кога сакав да се фрлам во црна дупка и да исчезнам. Никогаш не сум имал такво чувство против било кој друг. Синер игра одлично, но не би го споредувал со други играчи. Сепак, ако се гледа сега, тој е најдобар играч во светот и во тоа нема сомнеж, – изјави Бугаринот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни