Поврзете се со нас

АТП

Димитров го изненади првиот фаворит Медведев на Индијан Велс

Објавено

на

Григор Димитров направи голем пресврт во осминафиналето на Индијан Велс и го победи првиот носител и фаворит Данил Медведев со 2:1 во сетови.

Русинот го започна мечот подобро, поведе по првиот сет кој го доби со 6:4, а во вториот имаше водство од 4:1, кое неочекувано лесно го испушти во продолжение.

Димитров го подигна нивото и со пет освоени гејма во серија, го освои вториот сет и се избори за трет во кој повторно издоминира против Медведев.

Поразот значеше крај на серијата од 10 победи по ред на рускиот тенисер, а истиот му оди во прилог и на Новак Ѓоковиќ кој ќе задржи поголем дел од предноста на АТП ранкингот.

Победникот првпат се пласира во четвртфиналето на Индијан Велс, а следен противник на Димитров ќе биде Полјакот Хуркач.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни