Поврзете се со нас

Европски купови

Димитриоски: Тешко е да се игра во вакви услови

Објавено

на

Македонскиот ракометен прволигаш Металург доживеа убедлив пораз од Висла Плоцк од 38-19 во првиот од двата натпревари во групната фаза на Лига Европа.

Како што е познато клубот од Автокоманда допатува во Полска со десеткуван состав и едноставно не можеше да се носи со домаќинот кој пак не смееме да заборавивме е перфектен во досегашниот тек на ова натпреварување.

Тренерот Оливер Димитриоски немаше за што да им замери на неговите избраниците притоа порачувајќи дека е многу тешко да се работи во овие услови.

– Четитки до Висла за победата. Не знам што да кажам. Можевте да видите, имав само 11 ракометари, а дополнително се повреди уште еден играч за време на натпреварот. Имаме млади и многу млади играчи, се обидовме да играме нормално, но беше навистина тешко во овие услови. Можам само да им честитам на ракометарите на Висла, -истакна Димитриоски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни