Поврзете се со нас

Свет

Димитриоски со едно промашување против Барселона, Бенфика на Талески продолжи да победува

Објавено

на

foto:www.atleticovalladolid.es/Marc Graupera

Валјадолид на Димитар Димитриоски и Мартин Карапалевски се прикажа во добро светло и загуби со само четири разлика од најдобрата шпанска екипа Барселона во средбата од 11.коло во АСОБАЛ лигата.

Гостите го добија вториот дел со 19:15 со што на крајот се изборија за достоинствен пораз од 34:30. Димитриоски имаше реализација два од три, додека пак Карапалевски имаше само еден неуспешен обид од шест метри. Ричардсон со единаесет гола беше прв стрелец кај победникот, додека Мартинез на другата страна беше лидер со девет реализации.

Standings provided by Sofascore

Филип Талески пак со својата Бенфика продолжи да се радува на победи во Португалија, овојпат против Виторија која беше совладана со 36:24. Домаќините првиот дел го реализираа со 20:12, вториот со 16:12 за единаесетто славје во шампионатот.

Нашиот бек беше скромен на овој натпревар и даде еден гол од два обиди.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни