Поврзете се со нас

Свет

Димитриоски прв стрелец, Валјадолид стави крај на црната серија

Објавено

на

foto:www.atleticovalladolid.es/Sergio Borja

Димитар Димитриоски како прв стрелец го предводеше Валјадолид до победа над Пуенте Хенил во АСОБАЛ лигата.

Валјадолид влезе во ова соочување со пет порази во низа и едноставно се бараше крај на црната серија, резултат со кој ќе се врати тимот на вистинската патека. Таа цел беше остварена со две исти полувремиња на домаќините со по 13 постигнати голови (13-10, 13-11) што се покажа доволно за десетто сезонско славје во шампионатот.

Најголем придонес за тоа имаше Димитриоски кој беше прв стрелец со шест погодоци. Вториот Македонец, Дарко Димитриевски имаше една реализација од четири обиди.

Нареден ривал на четата на Писонеро е Бенидорм со кого ќе се соочат на 6 април.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни