Поврзете се со нас

Свет

Димитриоски и Карапалевски со „петка“ во големата победа на Валјадолид

Објавено

на

foto:www.atleticovalladolid.es/Santi Molina

Атлетико Валјадолид на македонските интернационалци Димитар Димитриоски и Мартин Карапалевски оствари голема победа над Гранољерс (42:35) во АСОБАЛ лигата.

Гранољерс важи за една од најдобрите екипи во Шпанија, но избраниците на Писонеро потврдија дека се во одлична форма, ритам и го надиграа составот од Каталонија за кого ова беше прв пораз во шампионатот од 15 декември.

Домаќините беа ефикасни во двете полувремиња, првото го завршија со 22 постигнати гола, второто пак со два помалку.

Карапалевски одигра перфектно со еден од еден, Димитриоски пак имаше реализација четири од шест.

Валјадолид сега има три триумфи во низа, вкупно 22 бода и е на 5 место на табелата.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни