Поврзете се со нас

Свет

Димитриоски го продолжи договорот со Валјадолид

Објавено

на

foto:www.atleticovalladolid.es/

Македонскиот ракометен интернационалец, Димитар Димитриоски го продолжи договорот со шпанскиот прволигаш Атлетико Валјадолид.

Крилото и следната сезона ќе го носи дресот на Валјадолид откако клубот му го продолжи договорот и тоа денеска официјално го објави на својата интернет страница.

Димитриоски досега има постигнат 77 голови за оваа екипа, а сезонава има просек по 2 гола по натпревар.

По настапот за неколку македонски екипи, левото крило од Еурофарм Пелистер се пресели во Валјадолид во 2022 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни