Поврзете се со нас

Свет

Димитриоски го предводеше Валјадолид до победа во АСОБАЛ лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.atleticovalladolid.es/

Македонскиот интернационалец, Димитар Димитриоски со квалитетно издание беше меѓу најзаслужните за победата на Валјадолид над Уеска во АСОБАЛ лигата.

Домашниот тим триумфираше со 24-21, а некогашниот член на Вардар и Металург со пет погодоци беше прв стрелец заедно со Алехандро Писонеро и Алваро Мартинез. Вториот наш ракометар во Валјадолид Мартин Карапалевски немаше директен придонес во ова славје број пет во шпанскиот шампионат.

Во наредното коло Димитроски, Карапалевски и компанија одат на мегдан со Бидасоа Ирун.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни