Поврзете се со нас

Репрезентација

Димитријевиќ заработи незгодна повреда, нема да може да и помогне на Македонија

Објавено

на

Најдобриот македонски кошаркарски интернационалец, Ненад Димитријевиќ ќе мора да паузира одредени време по повредата која ја заработи на дуелот против Будуќност во Еврокупот.

Нено на таа средба одигра само десет минути, а причината за тоа беше повредата на мускулот на десната нога, повреда која е од посериозна природа. Имено неговиот клуб Валенсија соопшти дека плејмејкерот ќе биде во „аут“ околу шест недели што е лоша вест за македонската репрезентација.

Нашата најдобра селекција во месец ноември ја очекуваат два дуели од квалификациите за Светското првенство против Шпанија и Украина. Тие дуели се закажани за 26 и 29 ноември и за истите селекторот Драган Бајиќ дефинитивно нема да може да смета на услигите на Димитријевиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни