Репрезентација
Димитријевиќ за неверојатната тројка за победа: Како влезе…(ВИДЕО)

Македонија имаше победнички старт на претквалификациите за Евробаскетот во 2025 година, а за тоа најзаслужен беше Ненад Димитријевиќ.
Новиот член на Уникс Казан беше брилијантен на вчерашниот натпревар против Данска во Нествед, беше најдобар на теренот со 29 поени од кои се издвоија оние последните три со звукот на сирената. Данците не го искористија последниот напад, Ѓуроски ја прифати топката под нашиот кош и го проигра Нено кој со шут од преку половина терен успеа да ја смести топката во мрежата на домаќините за конечен триумф од 73-70.
-Не знам како би го опишал. Најважно е дека топката влезе низ обрачот. Како, не знам ни јас самиот. Се обидов, погодив, победивме, тоа останува. Одиме понатаму. Во недела нè чека Словачка, ова го оставаме зад нас, -вели Димитријевиќ кој сепак смета дека ова е тимска победа.
-Одлична тимска работа. Секој даде свој придонес во оваа особено важна победа, која како што реков и порано, е особено значајна затоа што доаѓа на стартот на циклусот. И во тешки моменти, кои ги имавме на овој натпревар, останавме заедно и фокусирани. Знаевме да одговоривме на нивната серија, останавме мирни кога требаше, -заклучи нашиот најдобар играч.
Во недела ни следи нов тест, дуел со Словачка во СРЦ „Кале“, натпревар на кој се освен победа ќе биде голем неуспех.
-
АТПпред 14 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Италијапред 11 часа
Погрешен прв чекор: Ѕвезда на Интер падна излегувајќи од автобусот во Истанбул (Видео)
-
Англијапред 11 часа
Глејзерови го користат првиот човек на ПСЖ во обидот да изнудат повеќе пари за продажбата на Јунајтед
-
Лига на шампионипред 14 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето
-
НБАпред 12 часа
Јокиќ коментираше потег на соиграч и ги изнасмеа новинарите: Сакав да го удрам… (Видео)
-
Англијапред 12 часа
Бернардо Силва избра англиски соиграч за кого би сакал да биде Португалец (Видео)
-
НБАпред 14 часа
Денвер доби неочекувани херои и се приближи на победа до прва НБА титула (Видео)
-
Светпред 13 часа
Поранешна ѕвезда на Манчестер Јунајтед заработи повреда која може да значи крај на кариерата