Димитријевиќ втор стрелец против Уникаха

neno na vlez

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ беше втор стрелец за Хувентуд во поразот од Уникаха од 77-65 во мечот од четвртото коло во АЦБ лигата.

Хувентуд како и на претходниот меч против Сан Пабло Бургос одигра лошо во завршниот период и со тоа си ги уништи шансите за позитивен резултат. Во четвртиот период се влезе со резултат 53-53, ситуација која како дополнително да ги мотивираше домаќините кои додадоа гас, заиграа подобро и со 24-12 дојдоа до славје пред своите симпатизери.

Адамс со 21 поен, 6 скокови 2 асистенции беше најдобар поединец, додека кај гостите од Бадалона стандардно се издвои Препелиќ со 20 поени, Димитријевиќ пак имаше 11 кошеви и 1 асистенција за 20 минути на паркетот.

Facebook Коментари