Поврзете се со нас

Европски купови

Димитријевиќ во одличен ритам, Хувентуд повторно победи во Еврокупот

Објавено

на

Шпански Хувентуд ја оствари и втората победа во групната фаза на кошаркарскиот Еврокуп, а вечерва славеше на гостувањето кај Бург со 77:84.

Домаќините го добија самиот првиот период, по што нашиот Нено Димитријевиќ и неговите соиграчи ја преземаа контролата на резултатот и во третиот период го решија победникот.

Французите успеаја да ја намалат негативата во завршницата, но не и да го избегнат поразот, па Хувентуд има максимален учинок по воведните рунди.

Димитријевиќ имаше солиден настап, со 9 поени, 7 асистенции и 3 скокови, посебно што на теренот мина нешто повеќе од 19 минути.

Засилувањата Томиќ и Рибас со 18, односно 16 поени биле најефикасни во редовите на Хувентуд, додека кај Бург, Анѓушиќ го завршил дуелот со 18 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни