Поврзете се со нас

Европски првенства

Димитријевиќ верува дека ќе „кликне“ со Шортс: Ќе излеземе по победа од првата минута

Објавено

на

foto:www.facebook.com/macedonianbasketball

Македонија ќе брка две победи во завршниот прозорец од квалификацискиот циклус за Европско првенство, а првата задача за одработување ќе биде онаа против Естонија, селекција против која ќе мора да оствариме победа од најмалку шест поени разлика.

Добра вест за селекторот Јончевски е тоа што за првпат во овие квалификации ќе може да смета на најквалитетниот двоец, Димитријевиќ-Шортс, па јасно е дека нашиот национален тим ќе биде далеку посилен и поквалитетен во двете пресметки кои следат.

Пред да дојде ред на мечот со Полска, Македонија главниот фокус го става на Естонија, а овие неколку дена ќе бидат искористени за максимално воигрување на Димитријевиќ и Шортс.

– Kако што кажав и претходно, Естонија е една незгодна екипа. И минатите квалификации имавме проблеми со нив, но мислам дека имаме доста квалитети, во некој налет да направиме успех и да направиме изненадување на нивен терен. Мислам дека сме подготвени и едвај чекам да дојде денот на натпреварот. Мислам дека двајцата (со Ти Џеј Шортс) сме добри играчи и дека може за два-три дена да се навикнеме еден на друг, можеме да направиме да функционира оваа врска за успех на репрезентацијата.

– Мислам дека до натпреварот со Естонија ќе бидеме подготвени, а тука пред се мислам на физичката подготовка. Кошарката оди во тој правец, Естонија покажа дека е доста физичка екипа, што сака да трча и имаат играчи на секоја позиција, дури и евролигашки играчи. Треба да бидеме подготвени за нивната енергија и нивните физички предиспозиции, ќе мора да одговориме на тоа. Мислам дека тоа е најважно. Треба да одиме со помисла дека треба да победиме, не да чекаме што ќе се случи. Треба да излеземе од прва минута за победа, – вели Димитријевиќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни