Димитријевиќ со важен ефект во продолженијата, нова победа за Хувентуд

neno

Ненад Димитријевиќ и неговиот Хувентуд изборија тешка победа над Андора со резултат 103:101, а за неа мораа да одиграат дури две продолженија.

Македонскиот интернационалец му помогна на својот тим во решавачките моменти, односно во второто продолжение во кое постигна четири поени, а втората реализација дојде кога се решаваше конечниот резултат.

За нецели 28 минути на теренот, Димитријевиќ реализираше 6 поени со едно промашување од поле, а најефикасен во Хувентуд бил Патрик кој постигнал 24 поени. За Хувентуд ова е втора победа по ред и мал напредок и одвојување од дното на табелата во шпанското кошаркарско првенство.

Facebook Коментари