Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ сподели супер вест од Русија, Уникс со оригинална објава: Ти посакуваме непроспиени ноќи

Објавено

на

Ненад Димитријевиќ поради клупските обврски не беше ослободен за двата натпревари кои македонската селекција ги одигра против Норвешка и Данска, но неколку дена по крајот на возбудувањата, пристигна навистина убава вест од новормираното семејство на македонскиот плејмејкер.

Нено денеска испрати убава фотографија од Русија и откри дека за првпат станал татко, откако неговата сопруга Елена родило здраво новороденче во Казањ.

Прекрасната вест Нено ја проследи со неколку фотографии на социјалните мрежи, а честитки доби и од својот клуб за кој настапува од стартот на оваа сезона.

– Денеска во 4 часот наутро, Димитријевиќ и неговата сопруга Елена станаа родители за прв пат. Бебето е родено во клиника во Казањ. Посакуваме добро здравје на целото семејство и помалку непроспиени ноќи!, – гласи објавата на Уникс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни