Поврзете се со нас

Европски купови

Димитријевиќ со двоцифрена партија се врати на терените (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ ги надмина проблемите со коронавирусот и со двоцифрена партија се врати на терените.

Димитријевиќ две недели беше во „аут“, но тоа не му пречеше во својот прв меч во 2022 година да забележи двоцифрен учинок и тоа на пресметката против Промитеас во Еврокупот.

Гостите од Валенсија се изборија за славје од 71-68 и тоа во средба во која центарот Тоби со 22 поени беше прв стрелец, додека Нено беше зад него со 10 кошеви, 1 скок и 5 асистенции за 26 минути на паркетот.

Шпанскиот прволигаш има учинок 7-3 и е на делба на второто место со Будуќност во рамките на групата Б во ова второ по ранг европско натпреварување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни