Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ со двоцифрен ефект, Валенсија не успеа да го изненади Реал Мадрид

Објавено

на

Валенсија беше конкуретна три периоди во дуелот со фаворизираниот Реал Мадрид, но Нено Димитријевиќ и неговите соиграчи не успеаја да го изненадат трофејниот клуб пред своите фанови (79:93)

Домашниот тим водеше со 23:20 по првиот период, но Реал Мадрид имаше предност на полувреме од три поени, а последниот период започна со плус четири за гостите.

На почетокот на тој период, Реал стигна до предност од тринаесет поени, по што Валенсија не успеа да фати приклучок, а противникот си обезбеди убедлива победа со резултат 79:93.

Димитријевиќ го заврши дуелот со 12 поени и 3 асистенции, Риверо постигна 15, а најефикасен во редовите на Валенсија беше Хермансон со 20 поени.

Фернандес со 12 поени беше најефикасен на теренот во редовите на Реал Мадрид, а еден поен помалку забележаа Ертел и Јабусел.

Реал останува без пораз по пет одиграни натпревари во шпанската лига, а Валенсија стигна до трет пораз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни