Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ со двоцифрен број асистенции, Валенсија го загуби ритамот во вториот дел (Видео)

Објавено

на

Ненад Димитријевиќ беше најдобар асистент на натпреварот меѓу Валенсија и Мурсија, но неговиот тим забележа пораз (86:91) во третото коло на шпанската кошаркарска лига.

Првиот дел од средбата не најавуваше таков епилог, бидејќи Валенсија стигна до предност и од седумнаесет поени, но истата ја прокоцка во продолжението од дуелот.

Мурсија издоминира во дваесетте минути по паузата и на крајот освои важни поени на гостувањето во Валенсија.

Димитријевиќ реализираше дури 12 асистенции, најмногу на средбата, а имаше и 6 поени и 1 скок, додека најефикасен во неговиот тим бил Клавер со 26 поени. Веб со 13 поени бил најдобар поентер во победничкиот тим на Мурсија.

Валенсија по три рунди има два пораза и е во долниот дел на табелата на Ендеса лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни