Димитријевиќ скромен, Хувентуд до прва победа во Еврокупот

Dimitrijevic-evrokup

Шпански Хувентуд не дозволи изненадување на домашен терен и ја отвори сезоната во Еврокупот на домашен терен, со победа над Бреша со резултат 81:68.

Тимот на нашиот интернационалец Ненад Димитријевиќ играше израмнето прво полувреме со италијанскиот ривал, но во вториот дел доминираше пред своите фанови и заслужено стигна до премиерната победа во европската сезона.

Димитријевиќ помина повеќе од 15 минути на теренот, но реализираше само 2 поена и 1 асистенција, додека најефикасни во неговиот состав беа Препелиќ со 24 и Зисис со 13 поени.

По две кола, Хувентуд има победа и пораз, додека максимален учинок во групата има само Дарушафака.

Facebook Коментари