Димитријевиќ: Ситуацијата не е добра, градот е пуст, ама морам да останам во Бадалона

Dimitrijevic-evrokup

Ненад Димитријевиќ е еден од нашите ретки кошаркарки кои настапуваат во странство, но за разлика од Војдан Стојановски и Стојан Ѓуроски кои од Франција се вратија во татковината поради коронавирусот плејмејкерот остана заглавен во Шпанија поточно во Бадалона.

АЦБ лигата е во прекин и навистина е големо прашање дали истото ќе продолжи со оглед на големите проблеми кои Шпанија се соочува со вирусот. Нено посочува дека ситуацијата во Бадалона е лоша, но и воедно откри дека засега е принуден да остане затоа што таква одлука има донесено раководството на Хувентуд.

-Далеку од тоа дека ситуацијата е добра. Не е добра, се гледа тоа на секој чекор во градот кој за разлика од други денови е скоро па пуст, што е една неверојатна глетка. Она што е сигурно е дека останувам тука. Подобро кажано, морам да останам. тоа е ставот на клупското раководство, и тоа мора да се почитува. Тоа е барем засега, -вели бекот.

Facebook Коментари