Поврзете се со нас

Евролига

Димитријевиќ се врати на терените, Милано настрада во Истанбул

Објавено

на

foto:x.com/OlimpiaMI1936

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ ја надмина повредата и се врати на терените на вечерашниот меч кој неговиот тим Олимпија Милано го одигра со Анадолу Ефес во Евролигата.

„Манекените“ без главната ѕвезда Никола Миротиќ и уште неколку играчи настрада во Истанбул и забележа пораз од 110:66. Домаќините доминираа, беа подобри во сите четири четвртини и сосема залужено ја прекинаа црната серија, односно се изборија за 11. славје во оваа конкуренција.

Ефес одигра тимски и дури седумина играчи постигнаа 10 или повеќе поени, додека кај поразните Брукс беше најсветла точка со 13 кошеви.

Нашиот Димитријевиќ доби 17 минути од тренерот Месина и уфрли 4 поени, собра 1 скока и забележа 3 асистенции.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни