Димитријевиќ се покажа и против Барселона во „Палау Блауграна“

neno-ertel

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ остави зад себе уште една одлична партија во најсилниот шпански кошаркарски шампионат овој пат на гостиснки терен во „Палау Блауграна“ кај Барселона.

Димитријевиќ и на трет натпревар во низа беше двоцифрен, па по 12 кошеви кои му ги уфрли на Билбао и 14 на Мурсија нашиот ас реализираше 11 поени со само едно промашување (1/1 за еден, 5/6 за два) против ривалот од Каталонија. Меѓутоа овој негов учинок како и оној на најефикасниот колега Лапровитола (20 поени, 4 асистенции) не беа доволни за изненадување и Хувентуд загуби со 91-79.

Сандерс со 16, Ханга со 15 и Рибас со 14 поени беа лидери во победничкиот табор. Во следното 19. коло Хувентуд кој е во зоната за испаѓање го пречекува Естудијантес.

Facebook Коментари