Димитријевиќ редеше асистенции, Хувентуд дојде до третата сезонска победа

nenad-huventud

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ со Хувентуд ја забележа третата последователна победа пред своите гледачи во Ендеса лигата, па по Реал Бетис, МораБанк Андора во Бадалона падна и Сан Себастијан Гипузкоа со 76-67.

Домашниот тим ја доби првата четвртина со 25-12, по што продолжението го контролираше резултатот, го имаше водството се до конечната победа. Најголем придонес во истата имаше Гиело со 21 поен, додека Димитријевиќ на 19 минути реализираше 5 поени, 5 асистенции (втор во својата екипа), 2 скока и 1 украдена топка.

На спротивната страна поранешниот член на МЗТ, Даниел Кларк заедно со Агбелесе уфрлија по 14 поени.

Во следната рунда Нено и другарите со учинок од три победи и пет порази ќе и гостуваат на Уникаха Малага.

Facebook Коментари