Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ прв стрелец, ЦСКА го зададе првиот удар во финалето во ВТБ лигата

Објавено

на

foto: www.unics.ru

ЦСКА Москва славаше над Уникс Казањ со 96:95 во првата средба од финалето на ВТБ лигата.

Домаќините беа пред победа на овој меч со оглед на тоа што водеа со 95:90, но тука застанаа и му дозволија на противникот со серија од 6-0 да направи пресврт и дојде до брејк во ова соочување за пехарот.

Залудно македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ беше прв стрелец со 22 поени на кои додаде 3 скока, 6 асистенции и 3 украдени топки.

Гостите го имаа одличниот Мело Тримбл кој реализираше 28 кошеви.

Наредната средба исто се игра во Казањ на 28 мај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни